Авионите на НАТО ја започнаа мисијата за набљудување на Украина
Авионите за контрола и рано предупредување АВАКС, што НАТО ги распореди во Романија, денеска ја започнале мисијата за набљудување на Украина.
Според романското Министерство за одбрана, авионите ќе летаат на висина од околу 9.000 метри, а нивните радари ќе покриваат површина од 312 километри квадратни.
НАТО одлучи да испрати авиони од типот АВАКС во Романија и во Полска за да ја набљудуваат ситуацијата во Украина од овие две земји. Освен ова, Алијансата распоредила и пет Ф-15 воени авиони во Литванија, како дел од одлуката за зголемување на военото присуство во регионот заради украинската криза.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја нарече руската интервенција во Украина „анексија“. На состанок со пратениците од нејзината партија Меркел изјавила дека „Русија го украла полуостровот Крим“ и оти таквата акција може да се смета за „анексија на дел од украинската територија“.
Германската канцеларка нагласила дека на Москва не смее да и помине ваквиот потег.
Слично
