Авионите на Ербас се враќаат на американскиот пазар
Авио-производителот Airbus се враќа во САД преку американската компанија Delta. Имено Delta нарача од европскиот конкурент на американскиот Boeing, 30 авиони за летови од средни растојанија од типот A321 и десет авион на млазен погон A330 -300 , соопшти филијалата на Airbus. Авионите треба да бидат доставени во периодот меѓу 2015 и 2017 година.
Delta последен пат нарачала авиони од Airbus пред околу 20 години , се вели во соопштението на компанијата. По спојувањето со Northwest Airlines сепак сега авиокомпанијата има веќе 158 авиони од Airbus во флотата.
Според пресметките нарачаните авиони чинат околу 5,6 милијарди долари ( 4,2 милијарди евра ) . Сепак сепак треба да се има предвид дека во оваа индустрија дава намалувања во цената при големи нарачки.Авионите се посочува, опремени се со мотори од General Electric ( GE ) .
Во САД Airbus се бори за повисок удел, па за таа цел почна изградбата на своја фабрика во Алабама . Досега повеќето авиокомпании во САД купуваат авиони на американскиот конкурент Boeing .
Слично
