Авионите на „Боинг“повторно владеат на пазарот
Американскиот гигант „Боинг“ доби повеќе порачки и испорача повеќе авиони во јануари оваа година во однос на лутиот ривал „Ербас“. „Ербас“ во јануари примил 121 порачка за нови авиони, а испорачал 35 авиони, додека „Боинг“ во минатиот месец добил 145 порачки, а испорачал 39 авиони. Американската компанија го надмина „Ербас“ наспроти фактот што се уште се приземјени сите авиони од типот „Боинг 787 Дримлајнер“ поради безбедносни причини.
Слично
