Економија, финансии, бизнис

Контакт

Авион усмри човек во Денвер

Авион усмри човек во Денвер

Авион на „Фронтиер ерлајнс“ удрил и убил пешак на пистата на аеродромот во Денвер, што предизвикало пожар на моторот и итна евакуација на патниците, објавија денес светските медиуми.

Инцидентот се случил доцна во петокот по локално време, кога Ербас А321, со 224 патници и седум членови на екипажот, почнал да забрзува за полетување за Лос Анџелес.

Службениците потврдија за ABC News дека лицето, кое одело по пистата од непознати причини, починало откако било вовлечено од еден од моторите на авионот. Пилотите веднаш го прекинале полетувањето, а патниците биле евакуирани преку итни лизгалки поради чад што ја исполнил кабината.

„Тауер, удривме некого... имаме пожар во моторот“, се вели во аудио-снимката од контролата на воздушниот сообраќај објавена од ATC.com.

„Фронтиер ерлајнс“ објави дека се длабоко потресени од овој настан и дека соработуваат со аеродромските власти и истражителите. Едно лице од авионот е полесно повредено во инцидентот, додека пожарот на моторот е изгаснат од страна на противпожарната служба на Денвер.

Федералната администрација за воздухопловство (FAA) и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB) започнаа истрага за тоа како неовластено лице завршило на пистата во моментот на полетување.


Слично

Поврзани вести