АВИОН СЕ УРНА ВО АВСТРИЈА - Пронајдени телата на четири лица, истрагата во тек
Четири лица загинаа во авионска несреќа во планинска област во Горна Австрија.
Остатоците од авионот биле пронајдени на планината Касберг, по што започнала интензивна потрага по учесниците во несреќата, но за жал потрагата завршила трагично.
Опсежната потрага по малиот авион траела неколку часа. Покрај безбројните доброволни противпожарни единици, спасувачките и планинските спасувачки сили, по соборениот авион трагаа и алпската полиција, окружните сили, како и полицискиот хеликоптер „Либел“ и хеликоптерот за итна медицинска помош „Мартин 3“.
Првично, некои делови од авионот беа пронајдени околу 14 часот во скијачка зона покриена со снег. Службите за итни случаи ги пронашле остатоците околу 16 часот по локално време.
Oö: Flugzeugabsturz am Kasberg in Grünau → vier Tote - https://t.co/mR6rsm7wSW pic.twitter.com/C0vX2El0F8
— Fireworld.at (@FireWorldAT) November 25, 2023
Се чека идентификација
Јасна идентификација се уште не е направена. Причината за несреќата засега не е позната, како и точната дестинација на авионот кој се урна.
Истрагата ја презеде Државната криминалистичка полиција на Горна Австрија.
Фото: Принтскрин/Твитер