Економија, финансии, бизнис

Контакт

Авион полета во 2018 година слета во 2017

Авион полета во 2018 година слета во 2017

Не станува збор за патување низ времето, ниту за фејк вест. Авионот Hawaiian Airlines со број 446 ќе влезе во историјата на авијацијата бидејќи полета во 2018 година, а кога слета се уште беше 2017 година. 

Патничкиот авион било предвидено да полета на 31 декември во 11:55 часот, но поради доцнења полетал десет минути по полноќ од Оукленд, Нов Зеланд, на 1 јануари 2018. 

Неговата крајна дестинација е во Хонолулу, Хаваи кои се десетина часа зад временската зона на Нов Зеланд. Па така летот 446 стигнал во Хонолулу во 10 часот наутро на 31 декември. 

Ова е секако честа појава на прекуокеанските летови, но особено е специфична на 31 декември и 1 јануари.

Слично

Поврзани вести