Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВИОН ОД ЉУБЉАНА НАМЕСТО ВО ЛОНДОН СЛЕТА ВО КЕЛН: Која е причината?

АВИОН ОД ЉУБЉАНА НАМЕСТО ВО ЛОНДОН СЛЕТА ВО КЕЛН: Која е причината?

Три лица се приведени во германскиот град Келн откако принудно слета авион на нискобуџетната компанија Изи Џет кој летал од Љубљана до Лондон. 

Пилотот решил да слета на аеродромот во Келн откако патници го информирале екипажот дека тројца мажи „зборувале за тероризам“.

Заради инцидентот, запрени беа летовите од тој аеродром меѓу 19 и 22 часот синоќа. Десет авиони се насочени да слетаат кон други аеродроми, а 20 авиони доцнеа.

Веднаш по слетувањето, полиција и специјални единици го заобиколиле авионот, патниците се извлечени од авионот според процедурата за вонредни ситуации, а полицајци влегле во кабината.

Сите патници биле подоцна испрашувани, но авионот останал на аеродромот, подалеку од аеродромската зграда, додека патниците биле префрлени во хотел, затоа што нивниот лет бил откажан.

Во авионот имало 151 патник. 

Слично

Поврзани вести