Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВИОН ОД КАТАР: Трамп го добива како подарок или ќе го купи?

АВИОН ОД КАТАР: Трамп го добива како подарок или ќе го купи?

Американскиот претседател Доналд Трамп иницирал набавка на претседателски авион од Катар, и покрај тврдењата дека тоа е „подарок“. 

Администрацијата на Трамп се обратила до Катар со иницијатива да купи авион „Боинг 747“ што би се користел како привремена замена за претседателскиот авион Air Force One, што треба да биде испорачан дури во 2027 година, дознава „Си-ен-ен“.

Вредноста на авионот се проценува на околу 400 милиони долари. Трамп претходно тврдеше дека авионот може да биде „подарок“ од Катар.

По преземањето на функцијата во јануари годинава, Трамп побарал побрза замена за претседателскиот авион од планираната испорака на новите модели на Боинг. 

Слично

Поврзани вести