Економија, финансии, бизнис

Контакт

Авион на „Малезија ерлајнс“ слетал принудно во Мелбурн

Авион на „Малезија ерлајнс“ слетал принудно во Мелбурн

Патнички авион на „Малезија ерлајнс“ (Malaysia Airlines) слетал принудно на аеродромот во Мелбурн неколку минути откако полетал. Причината е дека му се запалил едниот моторот, соопштува „Ројтерс“.

Авионот „Ербас“ А330 превезувал 300 патници, и летал од Мелбурн за Куала Лампур.

„Имаше вонредна ситуација, во пилотската кабина имаше сигнал за пожар во моторот. Авионот слета веднаш“, изјавила портпаролката на австралиската служба за воздухопловство.

Од страна на Бирото за безбедност во транспортот сепак изјавиле дека по слетувањето не биле пронајдени траги од пожар.

Во соопштението на „Малезија ерлајнс“ се наведува дека по прелиминарниот преглед не се констатирани траги од пожар во надворешниот дел на авионот, и во моментов се спроведуваат најсодржинските проверки.

Сите патници заедно со персоналот го напуштиле авионот.

Потсетуваме два авиони на „Малезија ерлајнс“ имаа трагична судбина во 2014 година. Летот „MH370“ исчезна минатиот март, со што и досега не е пронајдено никаква трага од него. На 18 јули минатата година пак летот „MH17“ беше соборен во источна Украина, со што загинаа сите 298 патници.

Наредниот инцидент со авион на компанијата може дополнително да и ја намали довербата во што е во технички банкрот малезиски авионска компанија.

Слично

Поврзани вести