Авиокомпаниите од Дубаи со константен раст
Авиокомпанијата „Емирати“ која има седиште во Дубаи, соопшти дека во фискалната година која заврши на 31-ви март годинава, компанијата има нето профит од 622 милиони долари. Ова воедно претставува раст од 52 отсто во однос на претходната фискална година.
Од „Емирати“ соопштија дека во истиот период приходите се зголемиле за 17 отсто односно на 19,9 милијарди долари.
Компанијата ја прошири флотата со 34 нови авиони така што сега Емирати располагаат со 200 авиони Ербас и Боинг, а има и 10 нови дестинации. Лани компанијата до Дубаи има превезено над 39 милиони патници што е за 16 отсто повеќе отколку претходната година
Слично
