Авиокомпаниите очекуваат 4 милијарди патници до 2017 година
Во периодот 2013 - 2017 година бројот на патниците ќе се зголеми за 31 отсто, прогнозираат авиокомпаниите. Очекувањата се во 2017 година, годишно 3,91 милијарди лица да патуваат со авион, наспроти 2,98 милијарди за 2012 година, објави Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт .
Комбинираниот годишен раст за периодот ќе биде околу 5,4 отсто, во однос на 4,3 отсто за 2008 - 2013 година. Претходниот период сепак беше погоден од глобалната финансиска криза, која ги ограничи патувањата.
Прогнозата на IATA е дека 292 милиони од новите патници во 2017 година ќе бидат на меѓународни дестинации, додека 638 милиони ќе ги користат авионите за движење во рамките на својата земја.
Блискиот Исток и Азија ќе го забележат најголемиот раст на меѓународни патници – соодветно со 6,3% и 5,7% комбиниран годишен раст за периодот. Следува Африка со 5,3% и Јужна америка со 4,5%. За Европа зголемувањето ќе биде во рамките на 3,9 проценти.
Дестинациите во и кон Кина ќе бидат двигатели на растот со 24% годишен пораст за периодот. Очекувањата се за нови 227,4 милиони патници, од кои 195 милиони на внатрешни линии. Најголемиот внатрешен пазар, сепак како и досега остануваат Соединетите Американски Држави, дури и со само 2,2% годишен раст за периодот.
На внатрешните дестинации во земјата ќе патуваат по 678 милиони патници годишно.
Согласно меѓународниот тренд, раст на бројот на патници е забележан и на аеродромите во Македонија. Најголема заслуга за тоа се препишува на ново изградената аеродрoмска зграда на аердромот Александар Велики во Скопје, реконструираната писта, но и реконструкцијата на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид. Како причина за зголемениот број на патници на аеродромите во Македонија се посочуваат и летовите на ниско буџетните авиокомпании, кои авио сообраќајот го направија подостапен за патниците во Македонија.
K.K
Слично
