Авиокомпаниите на итен состанок – бизнисот во криза по соборувањето на малезискиот авион
Првиот човек на една од најголемите авиокомпании во светот Дубаи Емирејтс Тим Кларк денеска побара итен состанок на сите поголеми авиокомпании во светот на кој би било одлучено како да се одговори на падот на малезискиот авион во Украина.
Кларк, претседател на компанијата која има најголем број патници на светот, вели дека домашните регулаторни тела треба повеќе да се вклучат и на авиопревозниците да им дадат насоки кои рути се безбедни за летање.
„Меѓународната заедница на авиокомпании треба да одговори како единствена целина и да каже дека вакви инциденти се апсолутно неприфатливи и нечуени, како и дека нема да дозволи да биде цел на регионалните конфликти со кои не е никако поврзана“, вели Кларк.
Тој додава дека Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај би можела да свика интернационална конференција за да се разгледа какви промени се потребни за индустријата да се заштити и да се избори со нестабилните региони во светот.
Слично
