Економија, финансии, бизнис

Контакт

Авио-гигантот Рајанер гори, додека шефот се чешла

Авио-гигантот Рајанер гори, додека шефот се чешла

Дури и покрај 18 000 откажани летови, речиси никој не го поставува прашањето дали актуелниот извршен директор и понатаму е вистинската личност за таа работа.

Мајкл О'Лири е среќен човек, пишува аналитичар на Гардијан. Бидејќи кризата помина од лоша на полоша, речиси никој не прашува дали тој и понатаму е вистинскиот човек за таа позиција.

Тоа прашање би било поставено во повеќето компании да се во ситуација на Рајанер.

Вториот круг откажани летови, односно 18 000 од нив на 34 рути укажува на тоа дека првичните планови на компанијата не само што биле погрешни туку и многу полошо од тоа.

Компанијата исто така ја налутила и управата на цивилното воздухопловство, која соопштила дека Рајанер ги оштетил патниците и кога се работи за нивните законски права.

Донекаде, заштитниот статус на О'Лири е разбирлив. Бил директор од 1994 година, а неговиот талент за публицитет е неоспорен и вреден, барем досега. Има речиси 4% акциски капитал кој вреди околу 670 милиони фунти, така да би требало да биде мотивиран. Проекциите на профит за оваа година исто така во голема мера се недопрени.

Покрај тоа, некако било очекувано барем меѓу другите акционери да се покрене прашањето на одговорност. Дејвид Бондерман, кој е во УО на Рајанер молчи цело време за кризата. Во нормални околности, би требало да се очекува од претседателот да се распрашува дали постои некое друго решение.

Рајанер вреди 20 милијарди евра (17,5 милијарди фунти). Дали тоа е премногу за шоуто на еден маж? Се надевате дека некој можеби во Даблин ќе сака да одговори.

За да пронајдете некој скептичен одговор мора да одите понатаму, пишува Гардијан.

Весникот понатаму наведува дека на годишниот состанок целиот одбор споменувал дека би требало да се изгласа нова управа, комплетна (што би вклучувало и извршен директор), но се споменува и се почестата загриженост поради тоа како таа авиокомпaнија го плаќа својот персонал и соработува со синдикатите.

Слично

Поврзани вести