Економија, финансии, бизнис

Контакт

Авијацијата на НАТО добила дозвола да ги нападне руските авиони

Авијацијата на НАТО добила дозвола да ги нападне руските авиони

Авијацијата на земјите-членки на НАТО добила дозвола да ги нападне руските авиони во ирачкиот воздушен простор во случај на „закана за животот“. Тоа го објави денеска весникот „Daily Star Sunday“, повикувајќи се на сопствени извори во Министерството на Велика Британија за одбрана.

Изданието прецизира дека таква дозвола добиле и британските воени пилоти. „Авионите „Торнадо“ на кралските „ВСС“ ќе бидат опремени со проектили воздух-воздух и добиле „зелено светло“ да ги нападнат непријателските руски авиони“, велат авторите на материјалот. Во исто време, пишува и „Daily Star“ на пилотите од британските воздухопловни сили им е дадена индикација по секоја цена да избегнуваат контакт со руските борбени авиони“.

Еден од изворите објаснува за лондонскиот весник дека „кога авионите летаат со суперсонична брзина во воздушниот простор, многу брзо станало преполно“ и поради оваа причина „може да настане судир или руски пилот да биде соборен по грешка“, објавила „tvzvezda.ru“.

Претходно премиерот на Ирак, Хајдар ал-Абад се сврте кон Москва со барање за нанесување на воздушни напади по позиции на терористите од „Исламска држава“ на територијата на Ирак.

Слично

Поврзани вести