Економија, финансии, бизнис

Контакт

Авијацијата на САД во страв од напад издаде нова наредба на авионите во Ирак

Авијацијата на САД во страв од напад издаде нова наредба на авионите во Ирак

Американската воздушна администрација (ФАА) им наредила на авиокомпаниите на САД да не летаат над Ирак на висина под 9.145 метри поради опасност.

ФАА од неодамна на американските воздушни компании им ги ограничила летовите во ирачкиот воздушен простор на висина која мора да премине минимални  6.095 метри, а мерката е заосрена поради „потенцијално опасната состојба после вооружените судири“.

Исто така вчера на американските воздушни компании им е забрането да користат два меѓународни аеродром  „Ербил“ и „Сулајманија“, пренесува АП.

Најновата одлука на ФАА следеше две недели од падот на малезискиот патнички авион во зоната на истокот од Украина.

Во Ирак беснеат судири помѓу екстремистите и владините сили, а се стравува дека милитантите во свои раце поседуваат оружје кое би можело да ги собори авионите.

Неколку европски авиокомпании воведоа измени на летовите за Ирак.

Слично

Поврзани вести