Aвганистанска пејачка: Се плашев дека ќе ме уловат, ќе ме исмејуваат, а потоа ќе ме силуваат
Се плашев дека ќе ме уловат, ќе ме развлечат и исмејуваат на телевизија, а потоа пред милиони луѓе ќе ме силуваат и ќе ме фрлат како да сум парче месо, раскажала 36-годишната Ариана Сајед, авганистанска поп-ѕвезда.
Taa успејала да избега од државата откако Талибанците ја преземаа власта. Вели дека не се плашела од смртта. Ариана е позната пејачка и водителка на авганистанското музичко шоу „The Voice", а својата популарност ја користела за да ги инспирира другите жени да ги следат своите сништа и страста кон музиката. Ова е причината поради која добивала многубројни закани по животот.
„Тајната служба ме предупреди дека во Кабул кружи авто-бомба пратена да ме убие мене, а потоа платиле жена да ме убие во текот на снимање на емисија на национална телевизија. Стоеше на само 10 метри од мене, а кога ја испрашуваа во затвор, кажа дека се би повторила ако е на слобода. Најтажно е што жените сакаат да им направат проблем на жените", рекла Ариана.
Таа е една од ретките жени која успеала да влезе во авион со својот свршеник.
„Беше хаотично. Талибанците стоеја на неколку метри од нас, ги држеа рацете зад грб и ги гледаа луѓето. Еден од нив дојде пред мене и во тој момент, иако бев целосно покриена, имав чувство дека тоа е мојот крај, дека ме препознаа", вели пејачката.
Следниот ден таа заедно со свршеникот, менаџерот Хасиб Сајед пристигнала на аеродромот во посебен автомобил во кој имало деца и жени.
На почетокот на 2000-тите години пејачката со семејството побегнала во Велика Британија, откако пред семејната куќа паднала бомба. Таа сега се наоѓа во Вашингтон, а пред одењето во Турција, каде пред неколку години купила куќа, Ариана ќе го посети семејството во Лондон. Ариана пред само еден месец основала и свој моден бренд и отворила продавница во Кабул, но тој сон морала да го остави зад себе.