Авганистанките не смеат да одат во забавни паркови
Авганистанките според најновата забрана на Талибанците не смеат да одат во забавни паркови. Тамошните власти не објаснија зошто ја воведуваат оваа забрана.
Мохамед Садек Акиф Мухаџир, портпарол на талибанската полиција за морал ја потврди веста за ДПА. Преходно во март, Министерството нареди сите забавни паркови во градот Кабул да бидат сегрегирани врз основа на пол.
Талибанската влада постепено воведува ограничувања во јавниот живот откако се врати на власт при повлекувањето на силите на НАТО предводени од САД во август лани.
Во Авганистан се случи и „крвава свадба“ затоа што лушето пуштале музика.Талибанците забранија потстрижување и бричење на бради во Авганистан.
Moмчиња и девојки не смеат заедно да следат предавања на факултетите.
Слично
