Економија, финансии, бизнис

Контакт

Авганистанецот кој повреди четири лица во Виена се обиде да се самоубие во затвор

Авганистанецот кој повреди четири лица во Виена се обиде да се самоубие во затвор

Aвганистанецот кој минатата среда нападна и повредил четири лица во центарот на Виена, се обидел да изврши самоубиство во затворска ќелија.

Неговиот обид да си го одземе животот е спречен благодарение на брзата реакција на затворските чувари, соопшти Министерството за правда.

23-годишниот Џафар С. бил префрлен во болница каде што по прегледите од медицинските лица е утврдено дека тој не си нанел сериозни повреди.

Џафар е обвинет извршување на обид за повеќекратно убиство.

"Тој е во затвор под постојан надзор", изјави портпаролката на Министерството за правда,Brita Tihi-Martin, не сакајќи да ги објави деталите за обидот за самоубиство.

За време на сослушувањето 23г-годишниот авганистанец, изјави дека во Австрија пристигнал во 2015 година заедно со други бегалци. Тој минатата среда со нож избоде тричлено семејство и подоцна и уште еден бегалец бидејќи бил бесен поради условите за живот.

Слично

Поврзани вести