Економија, финансии, бизнис

Контакт

Aвганистанци навалија да бараат азил во една од европските земји

Aвганистанци навалија да бараат азил во една од европските земји

Значително е зголемен бројот на баратели на азил од Авганистан во Белгија. 

Половина од новите барања за азил поднесени во Белгија во последниот месец доаѓаат од авганистански бегалци, откако Талибанците ја презедоа контролата врз нивната земја, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во август поднесени се повеќе од  2.800 барања за азил од страна на Авганистанци, а  претходниот месец имало 470 барања помалку. Информациите ги соопштија денеска од кабинетот на државниот секретар за азил на Белгија, Сами Мади.

Бегалците од Авганистан бараат меѓународна заштита во Белгија, како и во други европски земји, но државниот секретар изјави дека нема автоматски да бидат одобрени нивните барања и дека секоја апликација ќе се разгледува одделно. 

Слично

Поврзани вести