Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВГАНИСТАН ВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ ГЛАВЕН СОЈУЗНИК НА ВАШИНГТОН НАДВОР ОД НАТО: По срамното повлекување, Бајден одлучи!

АВГАНИСТАН ВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ ГЛАВЕН СОЈУЗНИК НА ВАШИНГТОН НАДВОР ОД НАТО: По срамното повлекување, Бајден одлучи!

Американскиот претседател Џозеф Бајден го извести Конгресот дека има намера да го откаже назначувањето на Авганистан за главен сојузник надвор од НАТО, објави Белата куќа.

Во 2012 година, САД го прогласија Авганистан за главен сојузник надвор од НАТО, што го отвори патот за двете земји да одржуваат одбранбени и економски односи. Тогашниот државен секретар на САД Хилари Клинтон го најави назначувањето за време на посетата на Кабул, забележува Си-Ен-Ен.

За разлика од сојузниците на САД во НАТО, кои се обврзани со заеднички одбранбен пакт, не постои взаемна одбранбена гаранција со сојузниците кои не се во Алијансата. Овие сојузници имаат право на одредена помош, како и да служат како складиште за воените резерви во сопственост на САД. Покрај тоа, приватни компании од одредена земја можат да конкурираат за договори за одржување, поправка или ремонт на американската воена опрема во странство.

Откако американската администрација го објави крајот на 20-годишната воена операција на Вашингтон во Авганистан и почетокот на повлекувањето на војниците, талибанците започнаа офанзива против авганистанските владини сили.

На 15 август 2021 година, талибанските борци го нападнаа Кабул без никаков отпор и за неколку часа добија целосна контрола врз главниот град на Авганистан.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани изјави дека се повлекол за да спречи какво било крвопролевање и побегнал од земјата. На 6 септември талибанците прогласија целосна победа во Авганистан и на 7 септември формираа привремена влада, која сѐ уште не е официјално признаена од ниту една земја.

Слично

Поврзани вести