Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВГАНИСТАН: Терористички напад врз џамија, 10 мртви, 30 тешко повредени

АВГАНИСТАН: Терористички напад врз џамија, 10 мртви, 30 тешко повредени

Најмалку 10 лица се убиени, а 30 се ранети во денешниот терористички напад во авганистанскиот град Кхост, на истокот на земјата.

Напаѓачите активирале бомба во џамијата Јакуби кога верниците биле собрани за попладневната молитва. 

Исто така, во џамијата бил отворен и центар за пријавување на гласачи, и се претпоставува дека тоа било причина за терористичкиот напад.

Претходно денеска седум Индијци вработени во електро-техничка компанија беа киднапирани во северната авганистанска област Баглан. 


Слично

Поврзани вести