Авганистан може да стане жариште на тероризмот, вели Меркел
Германската канцеларка Ангела Меркел зборуваше за иднината на Авганистан.
Таа вели дека Авганистан може да стане жариште на тероризмот откако НАТО ги повлече своите војници од земјата. Според неа, фактот дека Талибанците повторно се на власт е горлив, но вели дека мораат да се справат со тоа. Рече дека многу работи во историјата бараат долго време.
„Меѓународната заедница мора да одржува дијалог со Талибанците доколку сака да ги заштити подобрувањата во Авганистан постигнати во изминатите две децении од распоредувањето на НАТО“, рече таа.
Напредокот во текот на годините вклучува пристап до основните добра – 70 отсто од Авганистанците веќе имаат пристап до вода за пиење, наспроти 20 отсто пред една деценија. Девет од десет луѓе имаат струја, наспроти само двајца од 10 во 2011 година.
Околу 19.000 луѓе беа евакуирани од Кабул во вторникот, а 82.300 од 14 август, објави Белата куќа додека државите се тркаат со времето за да го завршат повлекувањето до 31 август, рок кој Талибанците засега немаат намера да го продолжат.
Сојузниците на САД велат дека немаат друг избор освен да го следат американскиот распоред и да ги повлечат своите војници од Авганистан до 31 август.
