Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВГАНИСТАН: Ги затвораат жртвите во багажници и им се губи трага

АВГАНИСТАН: Ги затвораат жртвите во багажници и им се губи трага

Талибанците ги затвораат жртвите во багажници и им се губи секаква трага. За ова сведочат претставници за човекови права. 

Мишел Бахелт, високата комесарка на ОН за човекови права, вчера изјави дека видела веродостојни извештаи дека талибанските борци оделе од куќа до куќа за да најдат некој што и помогнал на поранешната влада или на Соединетите Американски Држави.

„Службениците кои работеа за претходните администрации и членовите на нивните семејства се приведени. Во некои случаи, службениците беа ослободени, а во други беа пронајдени мртви“, рече таа.

Нејзините тврдења беа потврдени со снимка на која се гледа како мажи, облечени како Талибанци, апсат четворица млади мажи.

Откако Талибанците ја преземаа власта, имаше и снимки како Талибанците тепаат жени или вперуваат оружје кон нив на протестите на кои тие бараа права. 

Слично

Поврзани вести