Аутопсијата откри како умрел ИТ могулот Мекафи: Истиот ден на сопругата и рекол дека ќе се слушнат навечер
Аутопсијата официјално потврди дека технолошкиот магнат Џон Мекафи починал во затворот во Шпанија извршувајќи самоубиство во својата ќелија. Мекафи очекуваше да биде екстрадиран во САД, но не го дочека моментот затоа што беше пронајден мртов во својата келија. Сега, локалниот весник „Ел Паис“ објави повикувајќи се на анонимни извори дека е утврдено оти станува збор за амоубиство со бесење.
Портпарол на каталонското правосудство, кој е одговорен за обдукцијата, немаше информации во врска со извештајот, објави „Дејли меил“.
Затворските чувари во средата го најдоа Макафи обесен во ќелија. Неименуван извор поврзан со истрагата за неговата смрт за АП изјави дека во неговиот џеб била пронајдена проштална порака.
Изворот одби да ја коментира нејзината содржина поради истрагата што е во тек. Властите во Шпанија претходно соопштија дека сè укажува на тоа дека Мекафи, креаторот на антивирусниот софтвер, извршил самоубиство. Неговата вдовица Џенис побара детална истрага, наведувајќи дека нејзиниот сопруг не делувал суцидално последниот пат кога разговарале.
- Неговите последни зборови беа: „Те сакам, ќе те побарам вечерва“ - рече таа.
Џон Мекафи беше уапсен на аеродромот во Барселона минатиот октомври за затајување данок вреден над четири милиони долари. Ден пред да биде пронајден мртов, шпанскиот суд објави дека има согласност да биде екстрадиран во САД, иако оваа одлука не била конечна.
