АУТФИТ ВО ЗНАКОТ НА САМИТОТ, ДИПЛОМАТ ОД АФРИКА НОСИ КОШУЛА ЗА ПОСЕБНИ ПРИЛИКИ: „Секогаш ја носам, многу го сакам!“
Афирканскиот дипломат
Лама Жак Севоби од Екваторијална Гвинеја, на самитот Русија-Африка носеше
посебен аутфит за таа прилика. Кошулата ја искомбинирал со капа на советската
армија на која стои значка со чекан и срп. Видеото секако веднаш стана вирален
хит...
Путин одигра добро во кризата што ја создаде и го зајакна своето влијание во критичен дел од континентот
Лидерите на африканските земји кои се одзваа на поканата да дојдат на самитот Русија-Африка во Санкт Петербург му покажаа поддршка на рускиот претседател Владимир Путин.
Но, еден дипломат од Екваторијална Гвинеја отиде чекор подалеку и се појави на самитот облечен во маица на која беше испечатен ликот на Путин.
Guinea diplomat with a Putin T Shirt at the Russia Africa Summit pic.twitter.com/WcqORu2CQ4
— Samuel Ramani (@SamRamani2) July 27, 2023
-Руските медиуми објавија дека станува збор за дипломатот Лама Жак Севоби, кој работи во амбасадата на Гвинеја во Москва. Тој ја надополнил маицата со ликот на Путин со капа на советската армија со значка од чекан и срп.
Севоба изјави дека маичката не ја купил специјално за самитот, туку ја добил пред неколку години и дека ја носи „во секое време“ и „на секое место“.
„Таа кошула ја имам три години бидејќи многу го сакам Путин, па ја носам во секое време и на секое место. И денес сакам да му покажам на мојот народ дека Русија и Африка ќе бидат уште поголеми пријатели од порано“, изјави можеби најголемиот обожавател на Путин.
ФОТО: Twitter/Print Screen