(АУДИО) Украина: Ова е доказ дека Русија стои зад соборениот малезиски авион!
Украинските безбедносни служби тврдат дека пресретнале телефонски разговор кој докажува дека Русија и проруские сепаратисти се одговорни за соборувањето на патничкиот авион на „Малезија Ерлајнс“ над Украина.
„Киев пост“ објави транскрипт од разговорот. Првиот разговор наводно се одвива меѓу офицер на руските разузнавачи и командант на сепаратистите во источна Украина.
„Само што соборивме авион“, вели офицерот.
Вториот повик, според информациите на украинскит служби се одвива меѓу двајца сепаратисти - „Мајор“ и „Грк“ од кои едниот го испитува местото на несреќата и на негово изненадување, открива дека авионот е цивилен.
„Тоа е 100% патнички авион. По ѓаволите! Остатоците паднале право во дворовите на куќите“, вели еден од нив.
Еве ја целата снимка:
http://www.youtube.com/watch?v=V5E8kDo2n6g
Целиот транскрипт од разговорот на англиски јазик, прочитајте го ТУКА.
Во меѓувреме, Велика Британија побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за да се разгледа кризата во Украина по соборувањето на малезискиот авион.
Слично
