Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Ауди“ ќе се шири во Бразил, Кина и Мексико

„Ауди“ ќе се шири во Бразил, Кина и Мексико
Германскиот производител на луксузни автомобили „Ауди“, од 2015 година ќе почне со производство на автомобили во Бразил, соопштија од компанијата. Оваа компанија ќе инвестира околу 150 милиони евра во подготовката за производство на „ауди Q3“ и „А3 сезан“ во фабриката во градот Сао Жозе душ Пинјаис, во бразилската држава Парана. „Ауди“ соопшти и дека до крајот на оваа година ќе отвори и втора фабрика во Kина, и дека до 2016 година ќе изгради фабрика и во Мексико.
Слично

Поврзани вести