Економија, финансии, бизнис

Контакт

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО ПРЕКВАЛИФИКУВАН КАКО ТЕРОРИСТИЧКИ ЧИН: „Словачкиот премиер наскоро ќе се појави во јавноста“

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО ПРЕКВАЛИФИКУВАН КАКО ТЕРОРИСТИЧКИ ЧИН: „Словачкиот премиер наскоро ќе се појави во јавноста“

Атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо е преквалификуван како терористички чин, соопшти денеска словачкиот државен обвинител Марош Жилинка.

„Врз основа на доказите собрани во текот на истрагата, случајот дополнително ќе биде класифициран како особено тешко кривично дело – терористички чин“, рече Жилинка на Фејсбук.

Портпаролката на обвинителот Зузана Дробова изјави дека осомничениот за обидот за убиство на Фицо е веќе информиран за промената на статусот на случајот, пренесува ТАСР.

Писателот Јурај Цинтула го рани Фицо на 15 мај во градот Хандлова во западна Словачка. Напаѓачот е уапсен и обвинет за обид за убиство од политички причини.

Словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак во текот на неделава изјави дека Фицо наскоро ќе се појави во јавноста и постепено ќе почне да ги извршува своите должности.

фото: EPA

Слично

Поврзани вести