Атентаторот од Берлин си направил селфи, пред да убие
Неколку минути пред да го изврши нападот со камион во Берлин, Тунижанецот Анис Амри направил селфи и испратил порака од неговиот телефон.
Напишал „Брате мој, сè е добро, според Божјата волја. Сега сум во автомобил, моли се за мене, брате мој, моли се за мене ".
Пораката, заедно со фотографијата која ја направил сам во кабината на камионот, Амри ја испратил на 40-годишен туниски државјанин уапсен во Берлин во средата.
Според истражните органи, мажот не е наводната врска на Анис Амри.
На 19 декември Анис Амри уби 12 лица и рани околу 50.
Слично
