Атентаторите од Брисел и Париз земале социјална помош
Терористите се воделе како невработени и добиле десетици илјади евра од државата.
Џихадистите кои ги окрвавија Париз и Брисел добивале од државите Франција и Белгија социјална помош, пишува „Волстрит џурнал". Според податоците на „24 часа", вкупно петтемина убијци од Париз и Брисел зеле 50 000 евра од социјална помош. На 18-ти март беше соопштено дека eдинствениот преживеан од ноемвриските напади во Париз е терористот Салах Абдеслам. Сега стана јасно дека Абдеслам бил корисник на социјална помош, а според „Волстрит џурнал" добил 19 000 евра, бидејќи се водел како невработен. Според изворите на медиумот, атентаторите од Брисел, исто така добивале помош.
Слично
