Економија, финансии, бизнис

Контакт

Атентаторите од Париз и Брисел добиле 50 илјади евра социјална помош

Атентаторите од Париз и Брисел добиле 50 илјади евра социјална помош

Петминатата бомбаши од Париз и Брисел добиле најмалку 50 илјади евра во форма на социјална помош, пишува „Волстрит журнал“.

Еден од мозоците на терористичките напади Салах Абдеслам добил околу 19 илјади евра во форма на помош за невработени. Како се случило тоа, откако тој бил сопственик на бар сеуште не е познато, наведува весникот.

Абдеслам беше уапсен во март во Брисел, во неговиот роден кварт Моленбек.

Терористичките напади на аеродромот и метрото во Брисел од 22 март убија 32 лица. Нападите во Париз од 13 ноември 2015 година го однесоа животот на 130 лица, а други 350 беа повредени.

Слично

Поврзани вести