AT & T го купува Водафон – На повидок најголемата компанија за телекомуникации
Американската телекомуникациска компанија AT & T планира преземање на Водафон, објави Блумберг повикувајќи се на неименувани извори запознати со ситуацијата.
Формалните преговори не се започнати, но АТ & Т анализира кои делови од Водафон ќе бидат припоени кон компанијата, а кои веднаш би се продале. Американскиот гигант неодамна беше поврзуван со преземање и на уште неколку други европски компании како британскиот мобилен оператор ЕЕ како потенцијална цел.
Оваа аквизиција ќе ја создаде најголемата компанија за телекомуникации со пазарна капитализација од преку 250 милијарди долари. Со повеќе од 500 милиони претплатници во светот, компанијата може да се натпреварува со Гугл и Епл особено во делот на мобилното рекламирање.
Но, за овој потег ќе мора да се почека за продажба на 45 % од акциите на Водафон на компанијата Verizon Wireless, процес кој ќе биде завршен во почетокот на 2014 година.
Слично
