Економија, финансии, бизнис

Контакт

АСТРАЗЕНЕКА ЗА СИТЕ ВОЗРАСТИ, НЕМА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ ЗА ВАКЦИНИРАНИТЕ: Германија со нови одлуки

АСТРАЗЕНЕКА ЗА СИТЕ ВОЗРАСТИ, НЕМА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ ЗА ВАКЦИНИРАНИТЕ: Германија со нови одлуки

Германија ќе дозволи вакцинација со АстраЗенека за возрасни од сите возрасти, како и за деца од 12 до 18 години до крајот на август кои би биле вакцинирани со Фајзер, објави министерот за здравство Јенс Шпан.

Шеснаесет министри за здравство на германските сојузни држави се договорија со Шпан да ја повлече претходната одлука за ограничување на вакцинацијата со вакцината на АстраЗенека на граѓаните над 60 години, пренесува Хина, повикувајќи се на Ројтерс. Истовремено, Шпан најави дека сегашниот интервал помеѓу две дози на вакцини, долг 12 недели, ќе биде скратен.

-И двете мерки служат за забрзување на нашата кампања за вакцинирање, рече германскиот министер. Новата одлука, веќе донесена во неколку германски држави, ќе биде на доброволна основа, а матичните лекари можат да одлучат како да ја дадат вакцината, рече Спан.

Првичниот недостиг на вакцини и бирократските заплеткувања доведоа до тоа Германија, најголемата економија во Европа, да доцни со вакцинациите. Десетици држави во март одлучија да паузираат или ја ограничија апликацијата на вакцината АстраЗенека на постари граѓани по извештаите за многу ретки, но сериозни случаи на згрутчување на крвта. Подоцна пак, дел од земјите, оваа вакцина одлучија да не ја даваат на граѓаните под 60 години, исто така заради случаи на згрутчување на крвта.

Исто така, германскиот министер за здравство, објави дека Германија планира да им понуди вакцина на децата на возраст од 12 до 18 години до крајот на август, доколку Европската агенција за лекови ја одобри вакцината на Фајзер/Бионтек за таа возрасна група.

Досега околу 30,6 проценти од 83 милиони жители на Германија се вакцинирани со најмалку една доза, а 8,6 проценти се целосно вакцинирани, според институтот Роберт Кох.

Во текот на викеднов се очекува Германија да ги олесни мерките за оние кои веќе се целосно вакцинирани или за луѓето кои веќе ја прележале болеста. За нив, на пример, полицискиот час нема да важи.


Слично

Поврзани вести