АстраЗенека нема да се користи дури ни за волонтери во Норвешка: Целосно е повлечена
Норвешка нема да продолжи да ја користи вакцината АстраЗенека, а одлуката дали да се вклучи Џонсон и Џонсон во системот за масовна имунизација сè уште не е донесена, објави премиерот Ерна Солберг.
„Владата донесе одлука вакцината АстраЗенека да не се користи во Норвешка, дури и за волонтери“, рече Солберг.
Комисија назначена од владата препорача двете вакцини да бидат исклучени од норвешката програма заради ризик од ретки, но штетни несакани ефекти.
Солберг рече дека одлуката е заснована на препораки од комитет на експерти и од Норвешкиот институт за јавно здравје (FHI) кои препорачале повлекување на AstraZeneca и Johnson & Johnson (J&J).
Норвешка ќе продолжи да ја продолжува одлуката за прекин на употребата на вакцината Џонсон и Џонсен но досега не ја исклучи од програмата за вакцинација, рече Солберг.
Оваа вакцина досега не била користена во Норвешка и покрај одобрението од Европската агенција за лекови (ЕМА).
Инаку Норвешка престана да ја користи AstraZeneca на 11 март поради претпазливост по појавата на ретки тромби по вакцинирањето, вклучително и смртни случаи, а Данска ја повлече вакцината пред нешто повеќе од еден месец.
