Економија, финансии, бизнис

Контакт

АСТРАЗЕНЕКА ДА НЕ СЕ УПОТРЕБУВА КАЈ ПОМЛАДИ ОД 55 ГОДИНИ: Канада со нова препорака по неколку случаи на тромбоцитопенија

АСТРАЗЕНЕКА ДА НЕ СЕ УПОТРЕБУВА КАЈ ПОМЛАДИ ОД 55 ГОДИНИ: Канада со нова препорака по неколку случаи на тромбоцитопенија

Канадскиот Национален советодавен комитет за имунизација (НАЦИ) препорачува да ја паузираат употребата на вакцината АстраЗенека против Ковид-19 на лица помлади од 55 години заради безбедносни причини - упатства за кои повеќето провинции соопштија денес дека ќе ги следат.

Промената доаѓа по извештаите за многу ретки случаи на згрутчување на крвта кај некои имунизирани пациенти, особено кај помладите жени.

Но, 300.000 од овие вакцини се аплицирани веќе во Канада, без извештаи за згрутчување на крвта, изјавија официјални лица. Проблемот со згрутчување на крвта исто така не е пријавен кај луѓе кои примиле мРНА вакцини од Фајзер и Модерна.

Д-р Шели Дикс, заменик-претседател на НАЦИ, изјави дека со „значителна несигурност“ околу случаите на тромбоцитопенија предизвикана од вакцини (ВИПИТ) кај лица со ниски тромбоцити, комитетот препорачува суспендирање на вакцинацијатаза сите лица под 55 години како „мерка на претпазливост“.

Врз основа на првичните истражувања надвор од Европа, односно во Канада, САД и други земји се чини дека ВИПИТ е ретка појава, и се јавува некаде од 1 на 125.000 до 1 на 1 милион луѓе.


Слично

Поврзани вести