„Аш Шабаб“ се закани со нови напади во Кенија
Сомалиската исламистичка група „Аш Шабаб“ се закани со нови напади во Кенија, еден ден откако уби 147 лица во 16-часовна опсада на универзитетски кампус, пренесоа агенциите.
„Веќе никаде нема да има безбедност за Кенијците додека војниците им се во Сомалија“, рече портпаролот на групата шеикот Али Мохамуд Раге за пробунтовническото радио „Андалузија“.
Околу 20 000 кенијски војници учествуваат во силите на Африканската унија, кои и помагаат на сомалиската влада во борбата против исламистите.
Нивниот портпарол рече дека во вчерашниот напад врз универзитетско гратче во Гариса, на околу 350 километри источно од Најроби, целта на исламистите била да убијат христијаните, а муслиманите беа ослободени. Тоа го потврдуваат искази дека напаѓачите ги застрелале оние кои не можеле да одговорат на поставуваните прашања поврзани со Коранот.
Кенија денес жали за жртвите од вчерашниот терористички акт. Црвениот крст ги повика луѓето да донираат крв за некои од 79-те повредени. Многу од повредените и загинатите беа пренесени денес со авион во Најроби, каде ќе бидат третирани или препознаени од блиските во мртовечница.
Најмалку четири лица го нападнаа вчера универзитетско гратче во Гариса, убија двајца чувари, а потоа ги убивале студентите во домовите, ги прогонувале и се обиделе да избегаат. Некои ученици велат дека преживеале, бидејќи знаеле да рецитираат стихови од Куранот. „Тие стоеја на главната улица меѓу домовите и поставуваа прашања за исламот и пророкот. Страшно беше, затоа што исламот не учи да ги убијат оние кои не го знаат ова учење“, цитира денес еден од учениците за весник „Дејли неишн“.
Безбедносните сили ги опколија напаѓачите во еден од домовите, во кое држеа заложници.
Властите соопштија дека се ликвидирани четворица напаѓачи. Според „Дејли неишн“ тие се самобиле, бидејќи носеле бомби под облеката.
Кенија објави награда од 20 милиони шилинзи (212 000 долари) за наводниот организатор на нападот Мохамед Дулјадаин, поранешен професор по Куран од Гариса.
Во градот и околината до 16 април е наметнат полициски час.
Ова е најтешкиот напад во Кенија по бомбашкиот напад на американската амбасада во Најроби во 1998 година, при што загинаа повеќе од 200 луѓе.
