АСФАЛТОТ СЕ ТОПИ, УЧИЛИШТАТА СЕ ЗАТВОРЕНИ: Има и жртви поради горештините
Топлотен бран има во Азија каде училиштата се затворени, асфалтот се топи, а температурите се искачија до 45 степени.
Во Индија неколку луѓе загинаа поради горештините. Во Кина рекордни температури за април имаше во неколку области вклучувајќи ги Ченгду, Жеџијанг, Нанџинг, Хангжу и други во регионот на реката Јангце, пишува Гардијан. Невообичаено високи температури има во Југоисточна Азија, а во Лаос оваа недела се измерени рекордни 42,7 степени. Во Тајланд, метеоролозите велат дека температурата достигнала 44,6 степени, во провинцијата Так во неделата. Во Дака, главниот град на Бангладеш, саботата беше најтоплиот ден во последните 58 години кога беа измерени 40 степени, што доведе до топење на асфалтот на некои места.
