Аселборн: ЕУ да и даде „шут-карта“ на Унгарија
Жан Аселборн, луксембуршкиот министер за надворешни работи смета дека Унгарија не заслужува да биде членка на Европската Унија и Брисел треба да донесе одлука за да ја избрка, изјави за германскиот весник Велт.
Главниот проблем за Аселборн е суровиот третман кој Унгарија го применува врз мигрантите со изградба на огромни огради на своите граници како и делувањето на граничните служби кои се безмилосни.
Според Аселборн доколку Унгарија денес би поднела барање за членство сигурно би била одбиена бидејќи не ги почитува човековите права, а премиерот Орбан води контра на сите политики на Брисел.
Унгарија планира и одржување на референдум за висината на квотите со која секоја европска држава ќе се обврзе да прими бегалци и да ги згрижи на својата територија.
Унгарија би требало да биде избркана од ЕУ, изјави луксембуршкиот министер за надворешни работи Жан Аселборн во интервју објавено денес, зборувајќи за проблемот со емиграциската политика на таа земја и најавениот референдум за бегалските квоти.
Слично
