Асанж е на пат за Америка - Ќе работи за Трамп со сите документи?
Џулијан Асанж откако преку неговиот Твитер профил објави кодирана порака повторно исчезна од јавноста и се претпоставува дека повеќе не е во еквадорската амбасада во Лондон. Молк има и од Викиликс организацијата која тој ја основаше, па ниту вештите хакери не знаат каде е и дали е воопшто добро.
Засега има неколку претпоставки за иднината на хакерот Асанж и неговата благосостојба. Се верува дека тој можеби е киднапиран од САД бидејќи на еден Твитер профил на Американската воена морнарица се појави негова објава која потоа брзо беше избришана.
Теоријата е дека Џулијан Асанж со брод на Американската воена морнарица се пренесува на територија на САД или пак на некоја друга локација која е под јурисдикција на американците, а такви острови низ Атлантикот има повеќе.
Понатаму втората теорија е дека Асанж прифатил да соработува со Доналд Трамп и да ги открие сите црни тајни на Хилари Клинтон, Барак Обама и останатите видни членови на Демократската партија на САД во замена за имунитет и заштита на безбедноста и неговиот живот.
Асанж пред нова година порача дека има повеќе фајлови од КГБ и дали ќе започне да ги објавува деновиве останува да се види.
