Економија, финансии, бизнис

Контакт

АСАНЖ БАРА СУСПЕНЗИЈА НА ШПАНИЈА ВО ЕУ: Дали е ова почитување на човечкото достоинство?

АСАНЖ БАРА СУСПЕНЗИЈА НА ШПАНИЈА ВО ЕУ: Дали е ова почитување на човечкото достоинство?

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер треба да ја суспендира Шпанија од ЕУ поради насилната реакција на шпанската полиција против гласачите во Каталонија за време на вчерашниот референдум за незавсисност. 

Ова го бара основачот на Викиликс, Џулијан Асанж кој објави видео на Твитер на кое се гледа насилното однесување на шпанската полиција.

„Дали е ова почитување на човечкото достоинство, слобода и демократија? Активирајте го членот 7 и суспендирајте ја Шпанија од ЕУ поради јасно прекршување на членот 2“ - напиша Асанж.

Членот 7 од Лисабонскиот договор ја утврдува процедурата за суспендирање на некоја земја-членка на ЕУ, што ги прекршила основните вредности на ЕУ, наведени во членот 2 од истиот договор

Во насилствата во шпанскиот регион вчера се повредени повеќе од 760 лица, а каталонските власти по референдумот порачаа дека е отворена вратата за еднострано прогласување независност од Шпанија.

Слично

Поврзани вести