Асад: Во Сирија се кова Трета светска војна
Претседателот на Сирија, Башар Асад вели дека според него Студената војна никогаш не е завршена.
Во интервју за весникот „Комсомоласка правда" Асад вели дека според него Студената војна никогаш не е завршена. Запрашан дали не е загрижен дека сирискиот конфликт може да прерасне во Трета светска војна, тој вели дека ситуацијата денес личи на Студената војна.
„Ако зборуваме за проблемот, тогаш да зборуваме за изворот на проблемот - а тоа е тероризмот. Не е важно кој сега се меша во сириските дела, најважно е кој ги поддржува секојдневно терористите. Ако го решиме тоа, испреплетената слика ќе изгуби значење. Русија, Иран и Хизбулла се наши сојузници и тие војуваат против тероризмот. Но, има и други земји кои ги поддржуваат терористите "- вели тој.
Денес гледаме ситуација слична на студена војна во раните стадиуми. Тоа се појави неодамна, бидејќи Западот и особено САД не престанаа Студената војна дури по распадот на СССР , додава Асад.
