Асад: Европа ја нема на политичката карта на светот!
Сите европските народи не се непријатели на Сирија, но „има голема разлика меѓу нив (народите) и политиката на владите на нивните земји“, истакна сирискиот лидер.
Како политичка сила Европа денеска отсуствува од меѓународната сцена, бидејќи во целост ги следи САД. Ова мислење го изрази денеска сирискиот претседател Башар Асад во интервју за данската телевизија „ТВ-2“, извадоци од кое се поставени на официјалниот сајт на неговиот кабинет, пренесе ТАСС.
- Отсуството на Европа денеска од политичката карта на светот, барем откако започна агресијата против Ирак во 2003 година, се должи само на тоа дека тие (европските земји) ги следат Американците, изјави Асад. Некои европски држави дури и „не смеат да следат независен курс во политиката“, додаде тој.
Сите европските народи не се непријатели на Сирија, но „има голема разлика меѓу нив (народите) и политиката на владите на нивните земји“, истакна сирискиот лидер.
Сирискиот народ го поддржува шефот на државата и владата на својата земја, истакна Асад во интервјуто.
- Ако ја немав поддршката на сирискиот народ, сега немаше да бидам претседател на земјата; Сиријците го поддржуваат и шефот на државата, и владата, рече тој.
Според зборовите на Асад од самиот почеток на конфликтот против Сирија се објавуваат и големи држави, и некои земји производители на нафта, но тој самиот речиси 6 години по почетокот на кризата останува претседател.
Според Асад обвинувањата кон сириските власти дека намерно уништуваат инфраструктурни објекти, болници и училишта на своја територија, се лажни.
- Ваквите дејства воопшто не се во наш интерес - рече тој. „Неможе ние да дејствуваме против сопствените интереси“.
Истовремено Асад не негира дека може да се прават грешки. „Не отфрлам (можноста за) грешки, какви можат да прават сите луѓе“, рече претседателот.
- Сепак, треба да ја гледаме разликата кога станува збор да не се прифаќа целосно политиката (на земја) и да се признаваат одделни грешки, прецизира тој.
