Економија, финансии, бизнис

Контакт

Асад: Ердоган ја поддржува „Исламска држава“

Асад: Ердоган ја поддржува „Исламска држава“

Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган ги поддржуваат терористите од „Исламска држава“ и „Джебхат ан-Нусра“ (гранка на „Ал Каеда“ во Сирија). Токму Турција ги испрати во Европа милионите мигранти.

Тоа го изјавил сирискиот претседател Башар ал Асад, одговарајќи на прашање дали Анкара води двојна игра во борбата против тероризмот. Според него „Западот е слеп за случувањата во Турција“.

„Токму Турција ги поддржува групите „Джебхат ан-Нусра“ и „Исламска држава“. Токму таа праќа во европските земји милиони мигранти. Вие треба повнимателно да се обидете да дознаете што замислил турскиот претседател Реџеп Ердоган“, изјавил Асад.

Коментирајќи ја крвавата престрелка во Париз, каде што на 13 ноември исламистички терористи убија 129 невини граѓани од различни националности и ранија стотици, сирискиот лидер изјавил: „Она што се случи во Франција, е едноставно ужасно. Но Франција не може успешно да ја води борбата против тероризмот, ако продолжи да биде сојузник со Катар и Саудиска Арабија“.

Тој додал дека Сирија ќе разменува разузнавачки податоци со Франција, ако Париз ја промени својата политика во регионот. Крвавата граѓанска војна во Сирија започна неочекувано за повеќето експерти во средината на март 2011 година. Главната причина за разгорувањето на конфликтот беше непомирливата позиција на претседателот Асад, кој одби да отстапи пред социјалните барања на жителите на градот Дера.

Конфликтот постепено се зголеми и во него се вклучија и регионалните држави Катар, Саудиска Арабија и Турција, кои немаа потенцијал и капацитет да го решат конфликтот. Тие ги финансираа терористичките исламистички групи како локалниот огранок на „Ал Каеда“ - „Джебхат ан-Нусра“.

Слично

Поврзани вести