Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Армагедон“, „Мегабура“, „Незаборав“: Што се случува во Русија, има жртви во екстремните бури на југот (ВИДЕО)

„Армагедон“, „Мегабура“, „Незаборав“: Што се случува во Русија, има жртви во екстремните бури на југот (ВИДЕО)

Бурата на деценијата или „мегабура“, како што ја нарекуваат руските медиуми, го зафати југот на Русија и анектираниот полуостров Крим, соопштија спасувачките служби, а во соседна Украина повеќе од 2.000 места останаа без струја, а патиштата беа блокиран.

Руското Министерство за енергетика соопшти дека речиси два милиони луѓе се без струја во Русија, потоа на анектираниот полуостров Крим и во четирите украински региони окупирани од Русија: Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, пренесува ТАСС. Во Краснодарската област, каде што се наоѓаат омилените одморалишта на Русите, Сочи и Анапа, невремето откорна стотици дрвја и уништи метални конструкции на плажите, а има и повредени, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

И во Витиазеву кај Анапа невремето е причина за заглавувањето на големиот товарен брод Blue Shark, кој плови под знамето на Белизе, соопшти Министерството. Во Сочи, невремето го прекина железничкиот сообраќај бидејќи паднаа дрвја, а во Новоросијск, исто така во Краснодарската област, налетите на ветерот до 86 км/ч предизвикаа бранови високи осум метри. На Крим Црното Море ги поплави патиштата, а руската телевизија објави снимка од бранови кои ги мијат автомобилите додека возат.


Гувернерот на Крим, Сергеј Аксинов, на апликацијата Телеграм објави дека денешниот ден го прогласил за неработен поради невремето и вонредната состојба на тој полуостров во Украина, кој во 2014 година беше анектиран од Русија.

„Преживеавме вистински Армагедон, жителите не се сеќаваат дека виделе ветер и бранови со таква сила“, изјави претседателот на Кримскиот парламент, Владимир Константиов.


Поради невремето 400.000 луѓе останаа без струја утрово на Крим, каде временската прогноза не предвидува подобрувања туку дожд, снег и силни налети на ветер.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести