Економија, финансии, бизнис

Контакт

АРХИВА НА МАСОНИТЕ: Еве кој и зошто ја саботираше истрагата за Титаник

АРХИВА НА МАСОНИТЕ: Еве кој и зошто ја саботираше истрагата за Титаник

Анализата на новообјавената архива на масоните покажува дека тие имале голама улога и влијание врз истрагата за потонувањето на Титаник, а со тоа придонеле да се заштитат нивни членови.

Ова го покажува најновата архива на Слободните ѕидари на која има имиња од над 2 милиони масони од 1733 до 1923 година.

Оваа архива открива дека некои поединци кои биле дел од истрагата за Титаник биле членови на масонските ложи.

Истрагата што ја спровел американскиот Сенат, покажува дека малиот број на чамци во бродот се должи на лабавите правила, па сите очи се свртеа кон Британскиот одбор за трговија.

Сепак, исрагата која ја спроведе Велика Британија, под надзор на лордот Мерсеј го ослободила одборот од одговорност. Случајно или не, Лорд Морсеј бил масон, исто како и претседателот на Одборот за трговија.

Во оваа архива може да се види дека и двајца од пет експерти кои работеле на целиот случај биле масони. Освен тоа, Лордот Пирие, кој бил директор на бродоградилиштето каде е направен Титаник исто така бил слободен ѕидар.

Ник Комптон, автор на книгата „Судењето на Титаник“ во едно интервју рече: „Истрагата за Титаник во Британија беше наречена 'заташкување', затоа што ослободи поголем дел од оние што беа вклучени. Само тројца патници беа интервјуирани, и сите беа од првата класа.“

Новите датотеки покажуваат дека масони биле голем број високи личности што биле вклучени во истрагата за несреќата на Титаник, во која повеќе од 1.500 луѓе загинаа откако бродот удри во санта мраз, преминувајќи го Атлантикот.

Слично

Поврзани вести