Археолог го најде гробот на Клеопатра?
Се појави „геометриско чудо“. Археолози најдоа тунел под храм којшто датира од Древен Египет и веруваат дека тоа можеби води до гробницата на кралицата Клеопатра Седма. Тунелот е откриен 20 метри под храмот на Озирис, египетскиот бог на подземјето.
Тунелот го пронашол водечкиот археолог на доминиканско-египетската експедиција, Катчеен Мартинез, која повеќе од 15 години ја бара гробницата на Клеопатра во Тапосирис Магна. Претходно, археолози пронајдоа тајни премини и разни богатства во храмот, вклучително и збирка монети со името и ликот на Клеопатра.
Египетското Министерство за туризам и антиквитети објави дека тунелот е долг 1.300 метри и се наоѓа на длабочина од 13 метри под градот Тапосирис Магна, недалеку од Александрија, кој постои од 4. век п.н.е.
Се верува дека владетелката и нејзиниот љубовник, римскиот војсководец Марк Антониј, се погребани на наведеното место. Но, сега поради земјотреси, делови од тунелот сепод вода и тоа ги отежнува истражувањата. Жените на Клеопатра со векови и се восхитуваа бидејќи успеала да ги освои срцата на „недостапните“ мажи.