Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аргентинскиот голман Мартинез ги налути Французите, бараат ФИФА да му ја одземе наградата

Аргентинскиот голман Мартинез ги налути Французите, бараат ФИФА да му ја одземе наградата

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез продолжи со провокации на сметка на Французите и во Аргентина. 

Тој се забавуваше во рацете држејќи кукла со ликот на фудбалерот од Франција, Килијан Мбапе. Претходно, Мартинез при самото добивање на наградата за најдобар голман на СП признанието го стави во пределот на меѓуножјето и со тоа се пошегува со француските навивачи. Сето ова ја натера Франција да покрене иницијатива оваа награда да му биде одземена на Аргентинецот.

„Можеме да потврдиме дека поднесовме официјално барање до ФИФА за одземање на наградата за најдобар голман доделена на Емилијано Мартинез. Причината е неговото срамно однесување веднаш по финалето, кога ја стави меѓу нозете и ја насочи кон француските фанови, но и за време на последните прослави на аргентинските фудбалери. Таквото однесување е недозволиво, го урива имиџот на фудбалот и пораката што се сака да се прати преку спортот и затоа Мартинез треба да остане без наградата“, објави Карл Олив, првиот човек на Олимпискиот Комитет на Франција.

Инаку, и аргентинските навивачи носеа слика на Мбапе која беше запалена. Франција загуби во финалето, а Аргентина стана светски првак. 

Аргентинците славеа. На улиците имаше околу 5 милиони луѓе, при што преземаа и ризични потези во моменти на еуфорија. 

Слично

Поврзани вести