Аргентинец дома немал телевизор и првенството го гледаше во излог на продавница
За моќта на фудбалската магија сведочи и Аргентинецот, кој немал дома телевизор, но Светското првенство го следел од телевизор кој се наоѓал во излог на продавница.
Станува збор за 83 годишниот Карлос Бехар. Тој ги стопи срцата на интернет-корисниците откако на социјалните мрежи се прошири фотографија на која го гледа полуфиналето на Светското првенство на телевизор поставен во излог од продавница.
Случаен минувач го фотографирал Карлос во околината на Буенос Аирес како седи сам на столче, веднаш пред продавница за електроника и внимателно го следи натпреварот кој заврши со победа на Аргентина. Фотографијата ја споделиле 5.000 луѓе, а човекот ќе добие телевизор.
Инаку, Аргентина е новиот светски шампион во фудбал откако синоќа ја победи Франција.
