Аргентинците се исмеваа со Мбапе, но и Французите им вратија за Меси
Како што навивачите од Аргентина се исмеваа со францускиот фудбалер Килијан Мбапе, така и Французите се исмеваат со аргентинскиот фудбалер Лионел Меси.
На социјалните мрежи се појави слика од еден француски паб, каде на подот има дрес од ПСЖ од Меси, и над него има натпис: „Не заборавајте да ги избришете нозете пред да влезете“.
Французите кои влегуваат во пабот ги бришат нозете од дресот на Меси и продолжуваат внатре.
Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез продолжи со провокации на сметка на Французите и во Аргентина.
Тој се забавуваше во рацете држејќи кукла со ликот на фудбалерот од Франција, Килијан Мбапе.
Французите бараат ФИФА да му ја одземе наградата која тој ја доби.
Слично
