Аргентина започнува со производство на литиумски батерии во септември
Првата фабрика за литиумски батерии во Аргентина ќе започне со работа во септември, а ќе користи суровини ископани во оваа земја од американската компанија Livent Corp.
Ливент се согласи да испорача литиум на новата фабрика, изградена од Y-TEC, подружница на аргентинската државна нафтена компанија YPF, пренесува Ројтерс.
„Ќе започнеме со производство на првите ќелии на литиум-јонски батерии во земјата“, рече Роберто Салварека, претседател на Y-TEC, во изјавата објавена од аргентинската влада.
Фабриката ќе користи литиум карбонат ископан во северна Аргентина.
Аргентина е четврти по големина производител на литиум во светот и привлече бројни инвестиции во оваа област.
#Argentina to begin lithium battery production in Septemberhttps://t.co/SDsrlLPTTJ
— Giovanni Staunovo (@staunovo) July 2, 2023
Оваа земја заедно со Чиле и Боливија ја формираат т.н „литиумскиот триаголник“, кој ги содржи најголемите резерви во светот на овој метал, кој е неопходен за производство на батерии.
Фото: Принтскрин/Твитер
